Заев: Да обезбедиме услови младите да го предводат бранот на промени во регионот

Од:

Политичките лидери од регионот треба да ги обезбедат сите услови со цел младите да го прифатат и да го предводат бранот на промени во своите земји и во регионот и да станеме конкурентен дел на Европа, истакна денеска премиерот Зоран Заев на завршната пленарна сесија на Четвртиот форум за младинско лидерство, што се одржа во Нови Сад, насловена „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности.“

– Трансформацијата започна да го менува регионот и создава услови да ги аплицираме и примениме европските стандарди во секојдневието и во комуникацијата меѓу народите во регионот, изјави Заев.

Тој нагласи дека нема поубава порака за нашата иднина за десетина години, од овој собир на кој се собрани млади луѓе да испратат порака дека се охрабрени и мотивирани и дека сакаат да активно да учествуваат во креирањето на сопствената иднина во регионот и во Европа.

– Регионот се менува и тоа е незапирлив процес, а младите треба да се двигатели на тие промени. Не може да чекаме некој друг да ни помогне, нагласи премиерот Заев.

Тој потенцираше дека политичките лидери треба да ги обезбедат сите услови младите да учествуваат во изнаоѓањето решенија за предизвиците и проблемите со кои се соочува нашиот регион и Европа.

– Сите сме охрабрени од потенцијалот на нашиот регион да произведува соработка, добри вести, реформи и решавање на проблемите, како и од пријателствата што ги имаме ширум Европа и светот. Сите сме силно мотивирани да направиме повеќе од нас и за нас, за да му докажеме на целиот свет дека национализмот, конфликтите и проблемите се зад нас, а прогресивниот дух, желбата за соработка и решавање на заедничките проблеми се пред нас, рече Заев.

Осврнувајќи се на одлуката на Европскиот совет да не им биде овозможен старт на преговорите на нашата земја и на Албанија, премиерот Заев оцени дека таа имаше силно негативно влијание во целиот регион, потенцирајќи дека сепак тоа не смее да влијае на мотивацијата за трансформацијата на општествата во земјите на Западен Балкан и дека реформите и промените согласно европските стандарди треба да добијат уште поголема динамика.

– Пред неколку години тешко седнувавме на маса, а сега покренуваме заеднички иницијативи, соработуваме, си помагаме и се изградија видливи пријателства. Тоа го правиме преку Берлинскиот процес и Регионалната економска област. Но, тоа го правиме и преку процесот за напредна регионална соработка која ја инициравме со (српскиот) претседател Вучиќ и (албанскиот) премиер Рама. Направивме искрена и корисна иницијатива отворена за сите од регионот. Низ дијалог, пријателство, низ соработка, со шанса за младите ќе ги забрзаме развојните процеси во овој дел на Европа интерес на младите, нагласи премиерот Заев на завршната пленарна сесија „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности“.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ