Женскиот сениорски ракометен национален тим на Северна Македонија убедливо ја совлада втората селекција на Турција со 37:19, и дојде до првата победа на турнирот во Анталија.
Избраничките на Симе Симовски немаат време за одмор или славје, бидејќи веќе попладнево имаат дуел со првиот тим на Турција. Вчера „црвено-жолтите“ одиграа нерешено против Италија.
На нерамноправниот дуел со турските резерви, нашите ракометарки го добија првото полувреме со 20:12, па селекторот им даде шанса на младите, кои ја оправдаа довербата, па на крај извојуваа триумф од 18 голови разлика. Утре нашите ракометарки ќе одмараат, а в понеделник играат со Косово.