Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Од:

Би-би-си

Зградата во која се родил нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во Австрија ќе биде претворена во полициска станица, соопштија официјални лица.

Министерот за внатрешни работи Волфганг Пешорн изјави дека тоа ќе биде „вистински сигнал“ дека овој имот не го слави нацизмот.

Првите неколку недели од животот Хитлер ги поминал во стан во зградата од 17 век во градот Бранау на Ин.

Судбината на оваа зграда беше тема на долга дебата.

Владата со децении ја изнајмуваше зградата од поранешниот сопственик во обид да го спречи екстремно десничарскиот туризам.

Порано тоа беше дневен центар за лица со инвалидитет, но на тоа му дојде крајот кога сопственичката Герлинде Пмер се спротивстави на плановите објектот да се приспособи на инвалидски колички, а потоа ги отфрли сите понуди на Владата да ја купи зградата или да ја реновира.

Планот зградата да се претвори во центар за бегалци во 2014 година, исто така, не успеа.

Владата со принуден налог закупување се стекна со сопственост во 2016 година по цена од 810.000 евра.

Во Австрија има голема дебата и несогласување околу судбината на зградата.

Едни бараа да се урне, додека други тврдат дека треба да се користи за добротворни цели или како куќа на помирување.

Во изјава што ја даде минатиот вторник, Пешорн рече дека фактот што зградата „во иднина ќе ја користи полицијата, треба да испрати вистински сигнал дека објектот никогаш повеќе нема да евоцира спомени на националсоцијализмот“.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година, во градот Бранау на Ин, каде што татко му бил распореден да работи. Неговото семејство престојувало во станот во оваа зграда неколку недели по неговото раѓање, а потоа се преселиле на друга адреса во областа.

Тие си заминале од градот засекогаш кога Хитлер имал три години.

Тој се врати накратко во 1938 година, на пат за Виена, откако ја анектираше Австрија кон нацистичка Германија.

За време на владеењето на Хитлер (1933 – 1945), нацистичка Германија ја почна Втората светска војна, спроведувајќи геноцидна политика што резултираше во смрт на околу шест милиони Евреи и десетици милиони други цивили и војници.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

A1on

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска

Хитлеровите војници се уште примаат германски пензии

Ана Ололовска