А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МНР: Неоснована е загриженоста за конкурсите за испразнетите места во ДКП

by А1он21/11/2019 - 14:38269
Share0

Неосновани се причините за загриженост од објавувањето интерни конкурси за пополнување на испразнетите работни места во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во одреден број држави или меѓународни организации, порачува Министерството за надворешни работи во реакција на соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат.

Добивај вести на вибер

-Се работи за редовна ротација на дипломати кои, по истечениот период, се враќаат во Министерството од работа во ДКП и треба да бидат заменети со други, со цел оптимално функционирање на претставништвата. Очекуваме од членовите на новоформираниот Македонски дипломатски синдикат, кој брои околу 70 формални членови, како професионални дипломати да се свесни за овие редовни работни процеси во Министерството, велат од МНР.

Ротацијата, додаваат, ќе биде извршена, како и до сега, согласно одредбите на Законот за надворешни работи и Правилникот за упатување на дипломатите на работа во ДКП, со почитување на сите предвидени рокови и во транспарентна и конкурентна постапка, која ќе обезбеди еднакви услови за секој пријавен кандидат, а изборот ќе се изврши врз основа на утврдени критериуми со кои се валоризираат резултатите од работата.

-Како што му е познато на Синдикатот, во Правилникот за упатување од 2018 година, за прв пат е регулирана улогата на Синдикатот во оваа постапка, со овозможување истиот да биде вклучен со свој член во Комисијата за избор. Ваквиот начин на избор на кандидати за работа во ДКП се спроведува веќе во неколку изминати циклуси, во кои беше вклучен Синдикатот на македонската дипломатска служба, кој што е активен повеќе од две децении и брои 230 членови со уредно платена членарина. Овој нов Синдикат ќе ја има истата можност да се увери во настојувањата на Комисијата да бидат предложени и избрани најсоодветните кандидати за секое од испразнетите работни места во ДКП, посочуваат од МНР.

Индикативно е, додаваат, тоа што се најгласни тие што 11 години молчеа на бруталното прекршување на синдикалните права. И сега, кога во МНР има поголем акцент на професионализација од кога било, со 19 амбасадори кариерни дипломати, и ниту едно преземање и директно поставување на раководна позиција, под наводно залагање за истите вредности, практично се попречува нормалното функционирање на дипломатската мрежа.

Македонскиот дипломатски синдикат вчера изрази загриженост поради објавувањето на 21 интерен оглас за упатување дипломати во ДКП. Според Синдикатот, конкурсот се распишува во сензибилен период кога веќе е договорен датум за предвремени парламентарни избори со што се отвара простор за политичка злоупотреба на редовниот циклус на ротација во дипломатско-конзуларните претставништва.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен