• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Продолжува собраниската расправа за заем од 179 милиони долари за автопатот Кичево-Охрид

by А1он21/11/2019 - 08:41225
Share0

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат 116. седница на која се расправа по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево – Охрид којшто ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта.

Добивај вести на вибер

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вчера на пленарната седница истакна дека проценетата вредност на дополнителните финансиски средства за проектот за кој лани беше изгласан анекс на договорот од страна на Собранието, е вкупно 179.694.572 долари. Заемот ќе биде доделен со рок на отплата од 20 години и вклучен грејс период од пет години. Каматна стапка е фиксна и ќе изнесува два проценти на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

Пратениците од власта и од опозицијата со меѓусебни обвинувања за како што велат, наводен криминал во однос на договорите за кредитирање на овој проект.

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат, убедени се во криминалноста на овој договор за задолжувањето и прашуваат зошто вредноста на патот се зголемува за 40 проценти, ако досега се реалиизрани 76 отсто од активностите.

Пратениците од владеачката СДСМ и коалицијата, пак со став дека криминален и брзоплет бил пристапот на поранешната Влада која за проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, ја задолжија земјата за 505 милиони долари, но во него не биле предвидени клучки и други важни позиции. Со овој анекс – договор, додаваат, се обезбедуваат пари за целосна изградба на автопатот до 2021 годинатоа, а цените на многу ставки се пониски во однос 1:3.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор, потоа на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, сите по скратена постапка. Меѓу точките се и Предлог законите за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија и за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и двата во прво читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен