ВМРО-ДПМНЕ: Македонија трета година добива мегаломански буџет, а граѓаните не гледаат никаква придобивка

Од:

Република Македонија веќе трета година по ред добива рекорден и мегаломански буџет, а граѓаните не гледаат никаква придобивки од истиот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот Горан Сугарески.

„Веќе трета година по ред криминалната банда на чело со аболицираниот Заев ги задолжува граѓаните за милионски суми, а парите на граѓаните преку криминални тендери и грантови како и непостистички и партиски вработувања завршуваат на сметка на партиските и државните функционери на СДСМ.

Сугарески денеска се пофали со рекордни средства одвоени за министерството за транспорт и врски, но притоа заборави да ја спомене катастрофалната реализација на капиталните инвестиции изминатите три години откако тој се наоѓа во министерската фотелја. Да потсетиме дека за првите 8 месеци од годинава реализацијата на капиталните инвестиции изнесува рекордно најниски триесетина проценти.

Сугарески да одговори зошто и по изминати речиси три години не е отпочната изградбата на социјални станови, проект на банката за развој на Советот на Европа? Со ваквото однесување уште еднаш се покажува неспособноста на СДСМ да раководи со фондовите на Совет на Европа.

Неодговорното, нестручното и неспособното работење на власта повторно е на штета на граѓаните, односно на оние на кои помошта им е најпотреба социјално загрозените лица.

За жал ова не е изолиран пример на неспособност на власта која за три години не реализираше ниту еден крупен инфраструктурен проект во интере на граѓаните. Напротив сите оние проекти кои ги отпочна ВМРО-ДПМНЕ власта ги стопираше и со лажни вести на нив собираше политички поени. 

Доаѓа крајот на криминалната банда која ја води аболициран криминалец. Граѓаните на Република Македонија ќе одберат обнова наместо криминал и корупција.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски