(ВИДЕО) Сугарески: Зголемен буџетот за локални патишта, гасовод и водовод

Од:

Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година е развоен, директно насочен кон потребите на стопанството и граѓаните. Проектиран е на 5 милијарди 810 милиони 579 илјади денари, од кои 83 проценти или 4 милијарди 819 милиони 974 илјади денари се расходи наменети за реализација на капитални проекти, информира денеска ресорниот министер Горан Сугарески.

Преоектираниот буџет за 2020 на ресорот транспорт е зголемен за 854 милиони и 741 илјада денари споредено со годинава. Треба да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката, комуналната и патната инфраструктура.

– Развојната компонента ни дава очекување за економски раст во 2020 година со акцент на зголемување на учеството на градежниот сектор во Бруто домашниот производ, бидејќи капиталните проекти се зголемуваат и по број и по квалитет, рече Сугарески на прес-конференција во Владата.

За изградба на железницата и за развој на железничкот сектор се планирани две милијарди и 652 милиони денари, што е 577 милиони денари повеќе отколку за 2019 година. Тоа, истакна Сугарески, покажува само колку сме фокусирани во изградба на железницата кон Бугарија, но од друга страна и на одржување на целокупната инфраструктура.

Како што информира, следната година ќе биде завршена првата делница од пругата кон Бугарија, Куманово – Бељаковце. За втората делница Бељаковце – Куманово се врши евалуација и се очекува таа да заврши во првиот квартал следната година и да се избере изведувач и да стартува изградбата. За третата делница до границата со Бугарија интензивно се преговара за обезбедување финансии кои се проценуваат дека ќе изнесуваат над 370 милиони евра. Следната година ќе се одвојат и 430 милиони денари за помош на железничкиот транспорт наменет за превозот на патници.

Ресорниот министер најави и милијарда и 31 милион денари за доизградба на магистралните гасоводи Неготино- Прилеп-Битола како и Скопје-Тетово-Гостивар, кои вели дека се во поодмината фаза и се планира да бидат изградени догодина. – Следната година ќе се распишат тендери за изградба и на магистралите Велес – Свети Николе како и Гостивар – Кичево. Гасоводот е врвен приоритет за Владата, потенцира Сугарески.

Тој уверува дека ќе има голема реализација на капиталните инвестиции во четвртиот квартал годинава и како што потенцира, Министерството за транспорт бележи 65 проценти релаизација, а Јавното претпријатие за државни патишта над 63 проценти. Во делот на гасификацијата најавува целосна реализација на средствата.

– Овие денови дојдоа нови ситуации за гасификацијата и железницата и очекуваме дополнително тој процент да се зголеми, се разбира, согласно со завршните ситуации коишто ќе дојдат и времените ситуациикоишто доаѓаат. И на самиот старт кажав дека процентот на реализација ќе биде добар. Секоја година првиот квартал во Министерството заради завршување и почнување на градежната сезона која што почнува некаде во март-април нормално е да биде понизок, меѓутоа вториот, третиот квартал веќе видовме и четвртиот до крај на годината, ве уверувам дека ќе биде силен, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што најави, следната година ќе продолжи изградбата на социјални станови за што ќе се одвојат 189 милиони денари. Предвидено е станови да се градат во Бутел во Скопје, во Виница, Свети Николе, понтаму во Велес, Пехчево, Гевгелија, Дебар, во Сарај и во Демир Капија.

-Равојот на авиосообраќајот исто така останува приоритетна дејност за Владата која континуирано ни носи видливи резултати. За следната година за финансиска поддршка за нови авиолинии планираме 104 милиони денари. Проект кој следната година ќе му дадеме особени внимание е Олеснување на трговијата за Западен Балкан за што ќе се одвојат 134 милиони денари, генерално за мерки и активности со кои ќе ја унапредиме инфраструктурата на граничните премини, како и транспорот, рече Сугарески.

За плати за вработените во Министерството, се планира да се одвојат 133 милиони денари што е за 9,5 милиони повеќе отколку за оваа година како резултат на зголемувањето на платите за пет проценти. Во рамки на ставката стоки и услуги ќе се одвојат 177 милиони денари, за 48 милиони денари споредено со буџетот за годинава.

Најави и нов проект за изградба и санација на локални патишта за кој се планирани 247, 5 милиони денари, за кој активностите на терен се планираат во првиот квартал следната година. Преку заем од Европската инвестициона банка, пак, ќе се трошат 446 милиони денари за реализација на дваесетина проекти за водоводи и канализации низ општините. Тоа е за речиси 30 милиони денари повеќе отколку превидените за оваа година. Со грант од КФВ банката планирани се 248, 7 милиони денари за изградба и реконструкција на дел од водоводната мрежа во Кавадарци, Радовиш и Гостивар.

Меѓу останатото, со Предлог буџетот за следната година, е предвидено да се вложат 100 милиони денари за изградба на нов водовод и канализација во индустриската зона Визбегово и да се обезбедат повеќе пари за изработка на урбанистички планови и да изнесуваат 20 милиони денари.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6