Вилнев: Фетел и Леклер само сакаа да покажат кој е подобар

Од:

Поранешниот возач на Формула 1 и шампион во 1997 година, Жак Вилнев, смета дека двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер се виновни за конфронтацијата на трката за Големата награда на Бразил.

– На Фетел и на Леклар им е дозволено да се борат едни со други, но тие не треба да ја злоупотребуваат оваа слобода. Според мене, двајцата се виновни за судирот. Леклер делуваше премногу агресивно, а Фетел не мораше веднаш да ја затвори патеката во борбата со неговиот клупски колега. И двајцата направија грешка. Сето ова воопшто не беше потребно, бидејќи тие се бореа максимално за третото место. Мислам дека тие само сакаа да им покажат на сите кој од нив е подобар, изјави Вилнев.

На бразилското Гран-при, Леклер се обиде да го престигне својот партнер. Германецот се обиде да ја врати својата позиција, нивните болиди имаа контакт и на крајот останаа без пласман и без бодови.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес