Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, го осуди на казна затвор ексначалникот на петтата управа, Горан Грујевски, кој избега во Грција во предметот на СЈО, „Тврдина 2“, за уништување на списите од прислушувањето.
Судот при донесувањето на пресудата постапил по напатствијата на Апелација кој само за Грујевски ја укина пресудата, а ја потврди за шесте службенички во УБК, кои добија условни казни затвор.
Првата пресуда за Грујевски ја донесе судијката Лидија Петровска. И тогаш Грујевски беше осуден на истата казна затвор.
Ова е првото обвинение кое го поднесе СЈО до Кривичниот суд.