Хрватска почнува преговори со Меркел за инвестиција на „Фолксваген“

Од:

Хрватската влада денеска се очекува да отвори разговори со германската канцеларка Ангела Меркел за пристигнувањето на Фолксваген во Хрватска, објави министерот за економија Дарко Хорват, јавија хрватски медиуми.

Иако пред три недели, шефот на производство на Фолксваген, Андреас Тостман, изјави дека не бараат алтернативна локација за нивната нова фабрика од 1,5 милијарди, и покрај одложување во Измир, Хорват тврди дека владата подготвила понуда за германскиот инвеститор и е решена таа инвестиција се реализира во Хрватска.

Хорват изјави дека Владата претходно ги примила и обработувала сите барања на менаџментот на Фолксваген и открила три потенцијални локации за фабриката.

-Разговорите со Меркел започнуваат … за да ја реализираат својата инвестиција во Хрватска, а владата собра понуда за Фолксваген и пронајде три локации каде има милион квадратни метри земјиште подготвени и сите други услови, а побарани беа 40 параметри, да се реализира таа инвестиција, рече Хорват.

Според него, има три локации за фабриката: Вараждин, Иваниќ-Град и Дуго Село.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски