Поради големиот протест најавен за четврток, властите во Колумбија одлучија да ги затворат границите со сите соседни земји на полноќ.
„Од полноќ до 5 часот во петок 22 ноември, сите копнени и речни гранични премини ќе бидат затворени“, се вели во соопштението на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.
Мерката се спроведува за да се обезбеди целосна безбедност за време на протестните маршеви најавени за четврток, 21 ноември. Протестите што се најавени ќе бидат поради незадоволство од социјалната и економската политика на администрацијата на претседателот Иван Дуке.
Колумбиските власти се загрижени да не прераснат протестите во немири како што се случи во другите земји во Јужна Америка – Колумбија Еквадор и потоа Боливија, Чиле …