Капсулата за спуштање на вселенскиот брод „Сојуз“, со двајца руски и еден американски космонаут од екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) утринава, во 7.06 часот по московско време, се приземји во казахстанската степа, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на Центарот за управување со летови.
Спасувачко-извидувачките групи се насочени кон местото каде капсулата се приземји.
На Земјата се вратија Русите Олег Новицки и Евгениј Тарелкин и Американецот Кевин Форд, кои во орбита минаа над 143 деноноќија.
Сега на МКС се наоѓаат Русинот Роман Романенко, Канаѓанецот Крис Хедфилд и Американецот Томас Машберт.
Следниот, 36-ти екипаж на Меѓународната вселенска станицата, од космодромот Бајконур, ќе отпатува на 29 март, а во бродот „Сојуз“ ќе бидат Павел Виноградов и Александар Мисуркин (Русија) и Кристофер Касиди (САД).