ВИДЕО: Во камион пронајдени околу 100 килограми марихуана, приведен 66-годишен маж

Од:

Во товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, со македонски регистарски ознаки, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско полицијата ноќеска пронашла и запленила околу 100 килограми марихуана.

Како што изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ноќеска околу 00.10 минути по полноќ на Граничниот премин „Табановце“, товарното визило било зпртено по добиени оперативни сознанија дека пренесува опојна дрога.

-Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозовлена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле преглед и претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од околу 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.

Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана