(ВИДЕО) Чушкоски: Градоначалникот на Струга за 8 години уништи се што се создаваше 50 години

Од:

Во изминативе 8 години во Струга не се постигнаа никакви резултати, а се затвораа и сите можности за создавање на нови дела и вредности. Пред очите на сите граѓани, се уништуваше перспективата на цели генерации.Во изминаитве осум години градоначалникот на Струга,Рамиз Мерко успеа она што 50 години се градело да го уништи за само 8 години поради што никој повеќе не може да си го препознае сопствениот град рече претседателот на СДСМ во Струга и носител на заедничката советничка листа со ВМРО ДПМНЕ, Ристе Чушкоски

„Во Струга младите гледаат место без никаква перспектива и град без можности. На стружани им е потребен тим кој ќе има слух за нивните проблеми.Нашата советничка група секогаш ќе биде со граѓаните.

– Коалциијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и останатите политички партии кои се на заедничката советничка листа одлучија цврсто да застанат зад интересите на сите граѓани без разлика на верската, етничката и политичаката припадност.Со нашите претставници во локалната власт ќе докажеме дека оваа општина може да функционира и да понуди перспектива на граѓаните“, рече Чушкоски.


Чушкоски ги повикува граѓаните да излезат на избори и да гласаат за својата иднина

„Да не заборавиме дека изборите се добиваат со масовна излезност на граѓаните на Струга и само поради тоа на 24 март ги повикуваме сите граѓани на Струга масовно да излезат на избори. Само заедно ќе бидеме вистински победници. Заеднички да одлучиме за нашето постоење и за нашите поколенија.Да живее Струга и Македонија“, рече Чушкоски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија