Советот на амбасадори бара одложување на изборите, за да продолжат реформите потребни за ЕУ

Од:

Здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ им се заблагодарува на европските лидери и на комесарите на иституциите на Европска Унија за нивната реална и морална политичка поддршка на Република Северна Македонија во нејзиниот долг и макотрпен пат кон зачленување во ЕУ. Таа поддршка посебна беше важна после одлуката на Европскиот Совет во октомври на земјата да не и се додели датум за преговори, наведува „Советот на амбасадори“.

„Советот на Амбасадори“ од голема важност ја смета готовноста на земјите членки на Унијата (изразена во non paper на Франција) да ја реафирмираат уште еднаш европската перспектива на земјите на Западен Балкан со убедување дека само со нивното приближување кон ЕУ тие земји ќе можат да ги консолидираат нивните држави засновани врз принципите на правото и на правната држава, на нивниот економски и социјален развој. Со таа политика ќе се отворат реални перспективи за подобра иднина за младите и конечно помирувањето на народите во Регионот, наведува здружението.

Како што истакнуваат, високо го ценат тоа што сите политички партии во нашата земја во нивните политички програми како примарна цел зацртале да ги поддржуваат и афирмираат евро-атлантските интеграции, што како резултат даде земјата наскоро да добие статус на полноправна членка на НАТО.

– Меѓутоа, сите сме свесни дека паралелно со тоа треба да продолжат и процесите на заокружување на реформите барани од Европската Комисија со усвојувањето на новите правила и критериуми за полноправно членство во ЕУ, посочуваат тие.

Во тој контекст тие ги повикуваат лидерите на политичките партии претставени во Собранието, и согласно тежината на нивната политичка одговорност час побргу да ги заменат нивните теснопартиски интереси со државните интереси и да ја поместат одлуката за оддржување на предвремени парламентарни избори до почетокот на летото или пак изборите да се одржат, во нивниот редовен термин на крајот на 2020 год.

– Со таков потег политичките партии претставени во Собранието, Владата и другите институции тоа време наместо да одржуваат предизборни митинзи и изборни активности би се фокусирале на исполнување на евроинтеграциската агенда на земјата и на неопходните реформи во изборната регулатива согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР и барањата на малите партии и граѓаните. Овој вистински чекор секако ќе биде поздравен особено од деловните луѓе кои ќе се насочат кон исполнување на од порано зацртаните бизнис планови за идната година.

„Совет на Амбасадори“ смета дека лидерите на политичките партии се свесни дека предизборниот и изборниот процес во секоја земја времено ги прави неефикасни институциите на државата, сè до нивно потполно парализирање.

Тие се убедени дека лидерите на политчките партии ќе го искористат овој единствен моментум да на земјата, на нејзините граѓани и на младите на Република Северна Македонија им обезбедат европска перспектива и европски стандарди за нивен сестран просперитет.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он