Со традиционалниот маскенбал кој се одржува вечерва, Струмица и официјално го почнува петдневниот живот под маски. Преку разновидните маски за кои се потрошени многу труд и пари светот е собран во мало во кристалната сала на хотелот „Сириус“.
Се игра, пее и се прават шеги на сопствена, но и туѓа сметка. Меѓу нив и е градоначалникот и кандидат за трет мандат Зоран Заев. Тој е маскиран во оган, а неговата сопруга Зорица во мраз. И годинава, како и минатите години, идеата за маската е на Зорица.
Идејата е моја а во реализацијата ми помогна “Студио С” на Саше Јованов. Подолго време се работеше и мислам дека комплетно ги погодивме маските. Мојата се вклопува во надворешниот амбиент, врне снег надвор, а погодена е и маската на мојот сопруг, тој е оган и навистина има топла душа и зрачи со енергија, рече Зорица Заева.