Нивото на Охридското Езеро 7 сантиметри над максималната кота

Од:

Врнежи од дожд кои обилно паѓаат изминатите два дена придонесоа нивото на Охридсото Езеро да се зголеми за дополнителни три сантиметри, и сега е 7 сантиметри над максимално утврдената кота.

Од ЕЛЕМ, вчера информираа, дека нивото на Охридското Езеро е во безбедносни рамки и дека е воспоставен соодветен режим на испуштање на водата во Црн Дрим, како и од акумулациите на реката.

Според најавите утре ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со локално провејување на снег.

А веќе од недела температурите ќе бидат во пораст, а средината од идната седмица се очекуваат нови врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум