А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Обнова на криминалниот режим и заканите и непрофесионална администрација нема да има

by А1он15/11/2019 - 18:44183
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на закани, уцени и притисоци е последната која е повикана да зборува за работата на јавната администрација. 11 години ВМРО-ДПМНЕ вршеше масовна партизација на државните институции, а јавната администрација ја третираше како партиска подружница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денес ВМРО-ДПМНЕ шири лажна загриженост за јавните институции бидејќи не може да се помири дека институциите функционираат професионално и според законите.“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Белиот дворец, симболот на лажни вести денес продуцираше нова невистина. На официјалната веб-страна на Министерството за информатичко општество и администрација се објавени извештаи доставени до Влада за реализација на годишните планови кои содржат податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција.

За потсетување за 11 години ВМРО-ДПМНЕ нема доставено ниту еден извештај.

Следете a1on на Youtube YouTube

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денес институциите се професионализирани и работат во служба на граѓаните. Ниту еден вработен во државната администрација не е под притисоци, но и кон ниту еден нема каков било протекционизам, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ може само да понуди обнова на режим и злоупотреби во партиски цели, притисоци, закани, ендеци и бркања од работа, што впрочем и го правеше цели 11 години.

Опозицијата изгуби на последните избори и уште еднаш на 12ти април ќе добие нов црвен картон од граѓаните. Обнова на криминалниот режим и заканите и непрофесионална администрација нема да има.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео