(ВИДЕО) Стаменковска: Полнењето на јавната администрација и злоупотребата на институциите мора да заврши

Од:

„Согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација е должно, најдоцна до 1 октомври за периодот јануари – јуни во тековната година, односно најдоцна до 1 март за периодот јули – декември во претходната година, да изготви и да достави до Владата на Република Македонија полугодишен извештај за реализација на годишните планови кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција.

Бараме да се објави извештајот согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, пред целата македонска јавност, да не се шпекулира и со тоа ќе ги демантирате нашите тврдења дека се работи за поткуп на гласачи!“, рече Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително ви укажуваме дека во јавниот сектор може да се пополни работно место преку склучување на договор за вработување на определено работно време исклучиво заради: замена на привремено отсутен вработен, кој е отсутен повеќе од еден месец, привремено зголемен обем на работа, непредвидливи краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот, работа на проект.

Во овој период единствено имате зголемен обем на партискиte трибини кои не се предвидени со закон и останува ПОТКУПОТ како единствен мотив за сите вработувања на определено време.

Министерот Манчевски не ги знае годишните планови за вработување во институциите кои му се обврска согласно закон, но знае дека институциите ќе распишуваат многу огласи за вработување на определено време на почеток на новата година.

Најлошото кај власта е отсуството на срам без разлика колку пати ќе излажете!

Дополнително веќе неколку дена до отпочнувањето на оваа прес конференција надвор од употреба е и интернет страницата на Агенцијата за администрација, која има законска обврска да ги пренесува полагањата на идните административци. Очигледно транспарентна постапка не им одговара за партиски вработувања па страната е надвор од употреба.

Полнењето на јавната администрација и злоупотребата на институциите мора да заврши.

Обновата на Македонија ќе го врати достоинството на административните службеници и довербата во институциите“, изјави Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски