Филмот „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски ќе биде прикажан на овогодинешниот филмски фестивал „Фебиофест“ во Прага, Чешка Република, во рамките на програмата „Балкански Ритми“.
„Фебиофест“ е многу популарен филмски фестивал во Чешка со 20-годишна традиција. Овој фестивал освен во Прага, независно се одржува и во Словачка.
„Трето полувреме“ ќе има три проекции во Прага на 15,16 и 17-ти март и три проекции низ останатите градови во Чешка Република.
На фестивалот ќе присуствуваат главниот актер Сашко Коцев и продуцентот Роберт Насков.