Демонстрантите во Хонг Конг бараат локални избори, на власта и дадоа ултиматум од 24 часа

Од:

Демонстрантите забарикадирани на еден универзитет во Хонг Конг бараат владата да преземе обврска до 24 ноември да организира локални избори. Маскиран демонстрант на Кинескиот универзитет во Хонг Конг утринава изјави дека владата има рок од 24 часа да го исполни нивното барање за избори.

Студентите и другите демонстранти ги зазедоа водечките универзитетски кампуси во Хонг Конг, поставија барикади и се обезбедија со мноштво Молотови коктели и други предмети за борба.

Јавната телевизија РТХК јави дека една коловозна лента во главната улица Толо е расчистена, но дека властите се уште не ја отворија за сообраќај.

Еден повозрасен маж починал од повредите здобиени кога со некаков предмет бил погоден во глава за време на судирите меѓу приврзаниците на владата и демонстрантите, пренесе Би-Би-Си.

Владата соопшти дека 70-годишниот чистач бил на пауза за ручек кога го погодил предмет што бил фрлен од демонстрантите.

Неделава во Хонг Конг е забележана ескалација на насилствата со интензитет на уличните пресметки меѓу полицијата и демонстрантите, како и во судирите на универзитетите.

Антивладините протести во Хонг Конг траат повеќе од пет месеци.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше