20 Срби повредени кај преминот Мердаре

Од:

Навивачи од фудбалскиот клуб Партизан кои од Белград организирано тргнаа на одбележување на Видодвен на Газиместан се судрија со косовската полиција на граничниот премин Мердаре.

При тоа, 20 се ранети, од кои десетмина се пренесени на одделението за хирургија во Прокупље.
„Организирано трганвме кон Газиместан да го одбележиме Видовден. Без никакви проблеми ја поминавме нашата граница кога не застана косовската полиција кај Мердаре.

Ни рекоа не може тука да поминеме и нема што да бараме на Косово. Почна турканица, а потоа и тепачка. Во еден момент почнаа да пукаат на нас со боева муниција“, изјави еден од групата од Белград.

Од болницата во Прокупље потврдиле дека од ранетите има со тешки повреди, но не потврдуваат дали раните се од боева муниција.

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија