АХВ: Сопствениците до крајот на годинава да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање

Од:

Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат животните. За оваа намена, АХВ обезбеди 100.000 микрочипови, како дел од активностите за спроведување на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните.

Во информациониот систем на Агенцијата, заклучно со 5 ноември годинава, евидентирани се 69.624 домашни миленици, најмногу кучиња.

По продолжувањето на рокот за бесплатно микрочипирање на милениците, од април годинава, од страна на ветеринарните друштва се наплатува само аплицирањето на микрочипот и истото чини 200 денари.

-Во соработка со општините, Агенцијата активно работи на решавање на проблемот со бездомните животни во земјава. До АХВ, локалните самоуправи досега доставиле 61 програма за контрола на популацијата бездомни кучиња, како нивна законска обврска. Од нив, одобрени се 37, а 24 се во фаза на корекции и доработка. Тринаесет прифатилишта за бездомни животни досега се одобрени од страна на Агенција за храна и ветеринарство, како дел од обврските на локалните самоуправи за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња. Од нив, на 2 им е зголемен капацитетот за прифаќање и третман на бездомни животни.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он