Европа: Ракетните проби на Северна Кореја влијаат врз регионалната безбедност

Од:

Германија, Франција и Велика Британија остро ги осудија десетината тестирања на балистички ракети од страна на Северна Кореја и го известија Советот за безбедност на Обединети нации за примена на санкциите кон Пјонгјанг.

Европските земји апелираат до Пјонгјанг да се ангажира во „суштинските преговори“ со САД за својата нуклеарна и ракетна програма.

Во заедничкото соопштение издадено по средбата зад затворени врати се наведува дека Северна Кореја треба да преземе „конкретни чекори“ во новите преговори со САД и „да се откаже од своето оружје за масовно уништување и ракетните програми на целосен и доверлив начин“.

Дипломатските напори се во застој откако пропадна вториот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он