А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 5.000 паркинг места со изградба на катни гаражи во општина Центар

by А1он15/03/2013 - 15:02185
Share0

Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Центар во деталните урбанистички планови впиша над 20 локации за изградба на катни гаражи, информира денеска ресорниот министер Миле Јанакиески пред катната гаража Судска палата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според него, дел од нив,  осум се реализираат преку општина Центар, Град Скопје и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а по пат на јавно наддавање се продадени 10 локации.

– Од тие 10 локации две се веќе завршени и ставени во функција. За три објекти има издадено одобрение за градење, а за пет локации треба најдоцна до крајот на годината да се издаде одобрение за градење, во зависност од тоа кога било јавното наддавање или кога се склучил договорот, изјави Јанакиески.

Со сите инвестиции во катни гаражи од општина Центар, Град Скопје, Акционерското друштво и приватни инвеститори, како што рече, бројот на нови паркинг места во општина Центар ќе надмине 5.000.

– Тука не влегуваат монтажните паркинг места и паркинг места што се обезбедени на слободни површини.Над 5.000 паркиг места со изградба на катни гаражи најдоцна треба да се обезбедат до 2017/2018 година, согласно склучените договори за продажба на земјиште по пат на јавно наддавање. Катните гаражи на општина Центар, Град Скопје и Акционерското друштво треба да завршат во наредните две до три години, рече Јанакиески.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Центар Владимир Тодоровиќ изјави дека заложбата на општина Центар за решавање на паркинг просторот продолжува и понатаму.

Следете a1on на Youtube YouTube

Информира дека во катната гаража кај комплексот судови вчера биле паркирани 456 возила. Потсети дека е почната катна гаража кај „Нова Македонија“, а постојат и монтажни паркинзи на две локации, во Капиштец и во центарот на градот, зад „Мекдоналдс“.

centarskopje

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Горан Наумовски26/08/2026 - 12:09

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски21/08/2026 - 12:2921/08/2026 - 14:57

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:3419/08/2026 - 14:40

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски18/08/2026 - 21:0418/08/2026 - 21:51

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски18/08/2026 - 14:58

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 14:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео