Кога семафорот е нефункционален, е исто како да не постои!

Од:

Групата на активисти кои и претходно имплементираа уметнички активизам во Тетово, вчера организираа уште една активност. Овој пат нагласувајќи ги семафорите во раскрсницата пред Тетовскиот Универзитет и Средното Медицинско Училиште „Никола Штејн“ во улица „Илинденска“. Горенаведените семафори се надвор од функција подолго време, а пак општината не презема никакви мерки за регулирање на сообраќајот во овој дел на градот.

„Како последица на нефункционирањето на овој семафор, во ова раскрсница, се случиле голем број на сообраќајни несреќи. Пред два дена на истото место имаше тешка сообраќајна несреќа, каде за среќа, немаше жртви.

Можеби семафорот изгледа убаво како декорација, но сепак ова не е причината за неговото постоење. Кога еден семафор не работи е исто како да не е ставен на тоа место. Каде се локалните власти и зошто даночните обврзици не го добиваат тоа што го заслужуваат“, прашува групата активисти преку писмено соопштение.

Статистиките покажуваат дека има раст од 22% на сообраќајните несреќи во Општина Тетово, велат активистите.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година