Се враќа интересот за одгледување сончоглед, новите договори со гарантирана цена

Од:

Со договорно производство, годинава се откупени три пати повеќе количества сончоглед од лани. Заштедени се девизи за увоз, а и кај земјоделците се врати желбата да сеат, па оваа култура полека се враќа на нашите ниви.

Ова е резултатот од проектот Договорно производство на сончоглед 2019 во организација на Асоцијацијата на производители на сончоглед, откупувачот – фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес и Владата.

– Лани откупивме 2.300 тони, годинава со договорното производство имаме околу 7.000 тони сончоглед од домашно производство. Задоволни сме од откупот, заштедивме девизи за увоз, а не охрабрија и земјоделците со желбата да сеат и полека да го враќаме сончогледот на македонските ниви, изјави генералниот директор на „Благој Ѓорев“, Горанчо Лазов.

Земјоделците се задоволни од соработката со фабриката. Велат дека била коректна и го почитувала договорот.

– Годинава имавме зголемен интерес за сеење сончоглед поради сигурниот пласман, но и зголемените субвенции од страна на државата која излезе во пресрет на нашите барања. Уште да не послужеше времето, ќе имавме рекордни приноси, истакна претседателот на Асоцијацијата на производители на сончоглед, Никола Петковски.

Со ова позитивно искуство од реколтата 2019, работната група ја најавува новата кампања на Договорно производство за 2020 година.

– Ќе одржуваме трибини, средби со земјоделците во цела држава каде што успева оваа култура и ќе разговараме како до повисоки приноси и подобар квалитет. Разговараме со Лазов, во договорите да има и загарантирана цена под која нема да може да се оди. Ако на берзата цената е повисока, тогаш да се доплати до берзанската цена. Сметам дека ова ќе значи уште поголем мотив за производителите заедно со значително зголемените субвенции за сончоглед од страна на државата, рече Ленче Николовска од Агротим.мк – специјализирана платформа за информации од агркомплексот и агроберза.

Во работната група за Договорното производство на сончоглед е вклучена и фирмата „Биспромет Агроцентар“ од Битола, преку авансирање семе и други репроматеријали во соработка со „Благој Ѓорев“.

– Во соработка со „Благој Ѓорев“, ќе им дадеме на земјоделските производители семенски материјал и други репроматеријали на одложено плаќање. Нашите семиња се висококвалитни, од познати еропски и светски семенарски куќи, докажани во светот и гарантираат висок и квалитетен принос. Особено е важно што сортите се прилагодени на нашите климатски и почвени услови со цел земјоделците да добијат висок принос и да заработат од производството, рече директорот на „Биспромет Агроцентар“, Никола Ѓероски.

Кампањата ќе почне следната недела со трибина во Битола, а потоа се планирани средби со земјоделците во Прилеп, Свети Николе, Велес, Куманово, Битола и други региони каде што успеава сончогледот.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година