Модриќ добитник на наградата „Златно стапало“

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја доби наградата „Златно стапало“ која се доделува на играчи над 28 години за придонес во развојот на фудбалот.

Триесет и четиригодишниот Хрват признанието го доби во конкуренција на Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Тијаго Силва (ПСЖ), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Вејн Руни (ДК Јунајтед), Серхио Агуеро (Манчестер сити), Роберт Левандовски (Баерн), Џорџо Киелини (Јувентус) и Џерард Пике (Барселона).

Наградата на Модриќ му беше доделена синоќа на свечена церемонија во Монако.

Претходни добитници на „Златно стапало“ се:

2003 година – Роберто Баџо (Италија)
2004 година – Павел Недвед (Чешка)
2005 година – Андреј Шевченко (Украина)
2006 година – Роналдо (Бразил)
2007 година – Алесандро Дел Пјеро (Италија)
2008 година – Роберто Карлос (Бразил)
2009 година – Роналдињо (Бразил)
2010 година – Франческо Тоти (Италија)
2011 година – Рајан Гигс (Велс)
2012 година – Златан Ибрахимовиќ (Шведска)
2013 година – Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата коска)
2014 година – Андрес Иниеста (Шпанија)
2015 година – Самуел Ето (Камерун)
2016 година – Џанлуиџи Буфон (Италија)
2017 година – Икер Касиљас (Шпанија)
2018 година – Единсон Кавани (Уругвај).

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ