Пуштен во функција најголемиот радио-телескоп во светот

Од:

Најголемиот радио-телескоп во светот е пуштен во функција на платото над пустината Атакама во Чиле.

Големата милиметарска мрежа во Атакама (АЛМА) ќе пребарува информации од времето на настанување на универзумот и ќе врши испитувања на најстудените гасови и прашина во која се формирани галаскии од енергијата ослободена од Биг Бенг.

Се очекува да бидат прикажани досега невидени слики од вселената.

Телескопот се состои од 66 радио антени во радиус од 10 километри, а поголемиот дел ќе бидат во функција од првиот ден.

АЛМА има поголем дофат од кој било друг радио телескоп и може да направи слики поинакви од било што досега снимено од телескопите кои работат во видливиот и инфрацрвен спектар.

Вселенските опсерватории, како што е телескопот Хабл, орбитрираат над атмосферата на Земјата и ја проучуваат вселената на овие бранови должини. Астрономите се надеваат дека АЛМА ќе биде уште подобар од вселенските телескопи, бидејќи на Земјата може да се изградат многу поголеми објекти отколку во вселената.

Проектот е во вредност од 1,5 милијарди долари, а заеднички го финансираат САД, Канада, Јапонијаи Европа.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска