Две лица со автоматско оружје почнале да пукаат во еден бар, во близина на мескичкото летувалиште Канкун, при што убиле шест лица, а повредиле пет.
Канкун едно од главните туристички места во мексиканско-карибското крајбрежје, во голема мерка беше поштедено од насилство поврзано со дрога, за разлика од Акапулко, пренесе „Ројтерс“.
Минатиот месец, шест државјанки на Шпанија беа силувани во куќа која ја изнајмиле на крајбрежјето на Акапулко.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието вети дека ќе се залага да го намали насилството кое е во пораст, откако неговиот претходник Фелипе Калдерот тргна во пресметка со нарко картелите.
Повеќе од 70. 000 луѓе загинаа во насилството поврзано со друга во Мексико од 2007 година.
Елена Георгиевска