Шеесет и седумгодишник од Крива Паланка загина во сообраќајна несреќа

Од:

Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат А2, Куманово-Крива загина шеесет и седумгодишник од Крива Паланка.

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ базирани на официјалниот билтен на МВР несреќата се случила на 11 ноември 2019 во 15 часот и 40 минути, на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во близина на клучката на магистралниот пат со главната улица во градот.

До незгодата дошло кога патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од шеесетгодишниот Д.И. од село Борово, удрило во 67-годишен пешак С.А. од село Градец, кривопаланечко.

Во незгодата С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 18 часот и 55 минути починал. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско