Поради неповолни временски услови во областа за приземјување, на капсулата на вселенското летало „Сојуз ТМА-06М“ во Казахстан е одложено враќањето за 24 часа на руските космонаути Олег Јовицки и Евгениј Тарелкин, како и астронаутот на американската НАСА, Кевин Форд, од Меѓународната вселенска станица.
-За жал временските услови не принудија да го одложиме приземјувањето за еден ден -изјави началникот на Центарот за подготовка на комсонаути, Сергеј Крикаљов.
Во регионот на приземјувањето има речиси 100 процентна влажноста на воздухот, минимална видливост и постојан дожд, при температура од околу нула степени Целзиусоци.
При таквите услови, спасувачките единици тешко можат да дојдат до местото за приземјување.
Елена Георгиевска