ВИДЕО: Вработен со голи раце им се спротивстави на вооружени крадци во обложувалница во Србија

Од:

Вооружени крадци во Паруновац кај Крушевац се обидоа да ограбат кладилница, но наидоа на херојски подвиг на Веселин Ивковиќ, вработен во локалот кој со коли раце им се спротивстави на насилниците.

– Стоев зад шанкот кога дојдоа две момчиња, вооружени, навистина мислев дека станува збор за шега и реков „излезете надвор“ – вели работникот Веселин Ивковиќ.

– Тие само повторуваа „грабеж, грабеж, пари, пари“ и јас „излезете надвор“. Имаа капи и марами на лицата и во еден момент вперија пиштол и пушка кон мене. Испукаа еден куршум, а јас само се фрлив зад шанкот. Се обидоа да ги земат парите, но се обидов да ги зачувам парите. Не сум ни свесен што направив, само сакав да ги одбранам парите. Кога ги погледнав снимките на безбедносната камера, тогаш видов што можеше да се случи. Можеби тоа беше адреналин, па реагирав, вели овој храбар млад човек.

Касата во тој момент се нашла на подот од обложувалницата, а парите се расфрлале.

Разбојниците успеале да земат само мал, околу 7.000 динари, а прометот изнесувал 100.000 динари.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија