Влада: Не е тајна, Заев имал состанок со Сорос во Охрид

Од:

Премиерот Зоран Заев викендов се сретнал со Алесандар Сорос поради консултации за новата регионална инцијатива за Западен Балкан. Од Владата велат дека повеќе меѓународни организации даваат придонес и експертиза за иницијативата која има за цел да го подобрува животот на граѓаните.

„Во тој контекст, за време на работните средби во Охрид и Нови Сад, повеќе консултации се одржаа со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка, како и со заменик – претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, кои се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование“, изјавија од Владата за „А1он“.

Иако средбата не беше најавена, ниту службите известија дека државниот врв се сретнал со Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос, од Владата велат дека нема тајни.

„Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан – тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот“, одговорија од Владата на прашањето зошто средбата не беше најавена.

Владата уверува дека иницијативата за подобар Западен Балкан во чии рамки била средбата на државниот врв со Александар Сорос, не е никако поврзана со најавените предвремени парламентарни избори. Дел од јавноста средбата ја протолкува како нов обид за финансиска поддршка на одредени медиуми кои ќе влијаат за подобрување на имиџот на актуелната Влада во пресрет на изборите.

Од Владата не одговорија што конкретно се разговарало на средбата кои се заклучоците и дали е договорен финансиски пакет за поддршка на медиумите.

Зголеменото присуство на полиција на охридскиот аеродром не било за посетата на Александар Сорос.

„Полициското обезбедување на охридскиот аеродром беше ангажирано заради присуството на високите гости на регионалниот состанок во Охрид, односно заради потребите на шефовите на држави и влади од регионот кои беа учесници на работните средби. Тоа е согласно редовните безбедносни стандарди кога станува збор за присуство на претседатели и премиери во Северна Македонија“, велат од Влада.

Викендов лидерите на земјите од Западен Балкан во Охрид имаа регионален состанок за на кој договориле мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ земјите од регионот. Покрај премиерот Зоран Заев, Владата официјално извести дека на состанокот присуствувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, кои одржаа и заедничка прес конференција.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада