(ВИДЕО) Петров: Јакимовски не е политичка партија

Од:

Кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Андреј Петров, на вечерашната дебата во емисијата „Вин-вин“ го обвини Стефче Јакимовски дека бркал од работа членови на СДСМ вработени во општината, само зашто се појавиле во штабот на Петров.

Тој покажа и документ со името и презимето на избркан човек, а Јакимовски не реплицираше.

Јакимовски не е доволно силен за да го споредувате со СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз е партија која ќе ја преземе централната власт за скоро време. Јакимовски не е политичка партија – рече Петров.

Лично се чувствуваме повредени, вели тој, и не заслуживме таков однос од човек кој седел со нас на маса. За мене лојалноста не е хендикеп, тоа е квалиетет, интересот на граѓаните на Карпош не е Стевчо, туку рушење на Никола Груевски.

Јас отидов да го барам тоа што е наше, значи карпошовото, да не ја испуштиме општината на Јагнула Куновска, рече Јакимовски.

Ние не сме две страни, тој е поединец, тој не е доволно силен за да го споредувате со СДСМ. СДСМ е партија која ќе ја преземе централанта власт наскоро во државата, изјави Петров.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата