Митинг на Трајановски и Латиновски во Бутел

Од:

Изработка на проект за проширување и реконструкција на улицата „Босна и Херцеговина“ и изработка на техничка документација за делот од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ до обиколницата, со што ќе се добие ново сообраќајно решение и алтернатива за жителите од општина Бутел.

Ова го вети кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски на вечерашниот мини-митинг во скопски Бутел.

Тој истакна дека во новата програма за наредниот четиригодишен период во Бутел ќе се реализира реконструкција и изградба на повеќе фекални и атмосферски канализации и многу други проекти.
Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Петре Латиновски од присутните побара поддршка за неговиот трет последователен мандат за продолжување на реализација на проекти во насока на подобрување на животот на жителите на општина Бутел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија