Spania прави малосериски ултра спортисти, а нивниот GTA Spano е еден од најбрзите автомобили на денешницата.
Придвижуван е од 8,4 литарски V10 со два турбо полначи, кој произведува 900 КС. Масата му е само 1.350 килограми, благодарение на употребата на карбон – фибер. Забрзувањето до стотка е под 3 секунди, додека максималната брзина изнесува 350 km/h.
Има 7-степен менувач, како од тркачките автомобили, додека вградени се и карбонски кочници и шасијата е целосен монокок.