Се олеснуваат условите за производство на вино во малите семејни винарии

Од:

Собранието на Република Северна Македонија на денешното продолжение на 116-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за вино, во второ читање, со кои се подобруваат условите за производство на вино на малите винарии и на физичките производители.

За измените не гласаа пратениците од опозицијата, бидејќи тие сметаа дека овој закон не ги решава проблемите на лозарите како што се загарантираниот откуп и загарантирана цена, туку се однесува повеќе за винариите.

На малите винарии, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно, со измените им се дава можност да работат со ангажиран енолог, а не како досега да мора да имаат вработено дипломиран енолог, додека физичките лица ќе можат да произведуваат вино со какво било завршено средно образование.

Во прво читање помина Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се усогласуваат одредени негови делови со стандардите на НАТО, а се врши и терминолошко усогласување и прецизирање на одредени поими.

Заменик министерот за одбрана Беким Максути рече дека имајќи предвид дека земјата се наоѓа во еден од најкритичките моменти за нејзиното полноправно членство во НАТО, со законот се врши усогласување со членот 5 од НАТО Пактот, дополнително се вршат измени за усвојување на основните стратешки одбранбени документи и за преуредување на надлежностите на државните органи во областа на одбраната во смисла на ова членство.

„Во насока на зголемен и побрз пласман на виното се менуваат и условите кои треба да ги исполнуваат лабораториите кои се овластени за вршење на физичко-хемиска анализа на виното, односно се доуредува и уверението од физичко-хемиската анализа на виното кое истите го
издаваат. Се подобруваат процесите и процедурите за анализа на виното и истите ќе се прилагодат на условите за анализа на вино кои се на сила во Меѓународната организација за лозарство и вино (ОИВ) и ЕУ.

Се врши и усогасување со новиот закон за прекршоци, со што казните и глобите за прекршоците значително се намалуваат и истите се применуваат пропорционално во зависност од големината на правниот субјект (помалите винарии и физичките лица плаќаат помали казни). Се создаваат услови за пообјективно пазарно опкружување, кое ќе доведе до зголемена продажба на вино од земјоделското стопанство и позитивно ќе влијае на развојот на винскиот и руралниот туризам.

Со предлог законот се уредува и олеснување на условите за производство на вино во исклучително неповолни години (екстремно ниски температури во текот на годината и вегетативниот период на виновата лоза), област која не е регулирана во постојното законско
решение.“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се предлага, меѓу другото, уредување на надлежностите на Владата да одлучува за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со нивното учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката, во согласност со меѓународните договори ратификувани согласно Уставот“.

Пратениците ги поддржаа во прво читање и потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за правда на децата, како и Предлог законот за лобирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата