А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фон дер Лејeн очекува од Вархелји да продолжи со поддршка за преговорите со Скопје и Тирана

by А1он07/11/2019 - 17:47235
Share1

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејeн, во писмото испратено до кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, очекува од него да продолжи да се залага за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Праксата налага избраната претседателка да им ги испрати во писмена форма мисиите за кои очекува нејзините кандидати за комесари да работат во текот на нивниот петгодишен мандат.

Претседателката експлицитно му порачува на кандидатот за еврокомесар дека нејзината Комисија “ќе застане зад предлогот да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија“.

Понатаму, во писмото до Унгарецот Оливер Вархелји бара “кредибилна европска перспектива“ за земјите од Западниот Балкан.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Императивно е да го одржиме и забрзаме напредокот во наредните пет години преку систем на оценување на секоја земја кандидат заснован врз сопствените заслуги и да одржиме кредибилна перспектива за членство, стои во задачите за кои ќе биде задолжен Вархелји во делот на проширувањето кон Западниот Балкан.

Фон дер Лејн очекува од него и да работи на “забрзување на структурните и институционалните рефоми, со силен фокус врз темелите на владеењето на правото, економскиот развој и реформата на јавната администрација“.

-Исто така, треба да ги поддржите сите напори во борбата против корупцијата во регионот и да ги поддржите сите напори за добрососедски односи и решавање на билатералните проблеми, пишува избраната претседателка на Европската комисија.

Во однос на Турција, Фон дер Лејн признава дека овие преговори се сега во застој и дека Турција не може повеќе да отвора или затвора поглавја со ЕУ, бидејќи се оддалечи од европските правила и вредности.

Вархелји ќе биде задолжен и за соседската политика на ЕУ, меѓу другото и со шесте земји од источното партнерство со кои Вархелји ќе треба да работи на зајакнување на односите и да се фокусира на подобрување на состојбата со владеењето на правото, борбата против корупцијата и независноста на медиумите во Украина, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија и Молдавија.

eu

Би можело да ве интересира

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Горан Наумовски27/07/2026 - 19:21

Европа останува без пари за Киев

Горан Наумовски19/07/2026 - 19:27

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Горан Наумовски19/07/2026 - 18:12

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео