САДУ ги поддржува барањата за повисоки плати на вработените во ФЗО и потпишување нов колективен договор

Од:

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при Синдикатот за администрација и државна управа на Македонија – САДУ соопшти дека ги поддржуваат барањата на синдикатот на УПОЗ за поголеми плати и потпишување нов колективен договор.

САДУ, се посочува, секогаш се залага за поголеми плати на вработените во јавниот сектор и бара поодлучнa и порадикална акција за остварување на правата на вработените во јавниот сектор, пред се, уставно загарантираното право – правото на заработувачка.

Истакнуваат дека нема да застанат на бесконечни и бесцелни преговори, туку напротив ќе преземат радикални мерки, не исклучувајќи го и штрајкот.

– Го повикуваме синдикатот на УПОЗ и сите вработени во ФЗО да истраеме заеднички во борбата за пристојна плата и пристојни работнички права. Бидејќи вработените во ФЗОМ не земаа плата навремено, а исто така платата не беше навремено исплатена и во други институции, се надеваме дека во оваа ситуација нема скриена позадина, бидејќи министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски изјави дека доколку институциите не се ажурираат во информацискиот систем за пополнување со човечки ресурси, нема да земаат плата, за чие пополнување има еден или ниту еден извршител во рамките на институциите, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од две милијарди денари на ФЗО

Горан Наумовски

ФЗО ќе соработува со синдикатите околу барањата за поголеми плати, критична е состојбата со средномедицинскиот персонал

Горан Наумовски

Клековски: За десетина дена ќе знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа на лекови

Клековски и Аџигогов се нови директори во ФЗО

ДЗР: Слабости во ИТ системот на ФЗО, не се воспоставени контрола и систем за успешноста на лекување во странство

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

A1on