Премиерот на Косово, Хашим Тачи по состанокот со високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека договорот помеѓу Србија и Косово е во завршна фаза.
Тачи нагласи дека дијалогот со српските власти мора да продолжи и понатаму.
Сакам да истакнам дека во е во фаза последното дефинирање на договорот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија и состојбата на север, за да имаме слободно движење и расформирање на сите илегални безбедносни структури и почеток на функционирање на правосудството според законите на Косово – изјави тој.