Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон оцени дека со највисоките српски официјални лица во Белград имала корисен и конструктивен состанок со цел подготовка на следната рунда од дијалогот Белград-Приштина.
– Го посетив денеска Белград за понатамошни консултации со српски лидери во рамки на дијалогот за посредување на ЕУ со цел нормализација на односите меѓу двете страни, наведе Ештон по посетата на Белград во соопштение.
– Имав многу корисен и конструктивен дијалог со претседателот Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и потпретседателот Александар Вучиќ. Тие консултации се одржуваат за да се подготви следниот состанок во рамки на дијалогот кој ќе го одржам со премиерот Дачиќ и премиерот Тачи на 20 март, се додава во соопштението.