Агенцијата за филм соопшти дека филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска е номиниран за наградата Лукс, што ја доделува Европскиот парламент.
Своја номинација за наградите на Европската Филмска Академија доби документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој е македонски кандидат и за наградата Оскар од неанглиско говорно подрачје, стои во соопштението.