Северна Кореја го нарече јапонскиот премиер Шинѕо Абе „идиот“ бидејќи неодамна ја критикуваше воената вежба на оваа земја.
Во изјава од претставник на Министерството за надворешни работи, Абе е опишан како „идиот и негативец“, со прекумерна реакција на наводно пробно испалувње ракетна артилерија во текот на минатата недела, односно „како да е фрлена нуклеарна бомба на територијата на Јапонија“.
Исто така, во изјавата се исмеваат претходните коментари на Абе, како што е тој дека е подготвен да го запознае лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун „без услов“, во кој се вели дека „би било мудро да не сонува дека некогаш ќе го премине прагот на Пјонгјанг“.