ВИДЕО: Големите бранови го поплавија Охрид

Од:

Охрид почна да се поплавува. Улиците во центарот на градот покрај градскиот кеј и во стариот дел на градот се под вода од високите бранови од езерото. Врнежите од дожд и ветерот кој дува прават проблеми во градот, особено во населбите кои се наоѓаат покрај самиот езерски брег.

Жителите од охридската населба Канео, чии што куќи се наоѓаат на само неколку метри од езерото велат дека и оваа ноќ најверојатно ќе ја поминат будни од страв да не се случи некој немил настан од високите и непрдвидливи бранови за кои велат дека можат да ја загрозат нивната безбедност.

Градските власти во Охрид побараа од надлежните државни институции навреме да реагираат и да спречат да не дојде до излевање на езерото за кое што рекоа дека нивото било за неколку сантиметри над максимално утврдената кота. Побараа и од ЕЛЕМ да почне со испуштање на поголемо количество на вода од езерото преку Црни Дрим.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он