ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја почна кампањата пред време

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставки до Државната изборна комисија и ќе побара да биде поведена прекршочна постапка за предвремено започнување на предизборна кампања против СДСМ и коалицијата Сојуз за иднината.

Доказ за тоа дека тие ја почнале предвреме кампањата, како што истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски, е изјавата на нивниот потпретседател Гордан Георгиев, но и врз основа на сите нивни промоции на кандидати уште во текот на летото минатата година.

– Целокупната јавност е сведок дека шест месеци СДСМ се во предизборна кампања. Организираа митинзи, посети на села, протести, маршови, промовираа кандидати, снимаа видео спотови и други слични активности во насока на претстојните локални избори. Откако СДСМ увиде дека не ужива голема поддршка кај граѓаните започна да креира алиби за претстојниот пораз. СДСМ не сака да се соочи со волјата на граѓаните и затоа од сега бара оправдувања, рече Ристовски.

Најавата на СДСМ дека ќе поднесат претставки до ДИК, според Ристовски, е доказ дека оваа партија се одготвува атмосфера за алиби од поразот на претстојните локални избори.

– Ова беше очекувано за нас, само не бевме сигурни дали ќе се случи во текот на оваа или во почетокот на наредната недела. СДСМ го избраа вистинскиот човек кој што ќе го соопшти нивното алиби, единствено не ни е јасно како успеаја да се демантираат самите себе во рок од само 24 часа. Имено, вчера потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, кажа дека во кампања се веќе шест месеци, а денеска го избраа токму Игор Ивановски да го каже спротивното и да се жали, рече Ристовски.

Наместо да бараат алиби за поразот, додаде тој, за СДСМ ќе беше далеку покорисно да седнеше и да напишеше реална и остварлива програма.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ