(ВИДЕО) Вуинов: Од остварените дела на власта, во Виница нема ни за лек

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Виница, Венцо Вуинов и пратеникот Горан Мисовски, заедно со кандидатите за советници од Сојузот за иднината го споредија домаќинското со недомаќинско трошење на парите на граѓаните на Виница. Покажаа како некогаш се градело и инвестирало во општината.

„Се наоѓаме пред спортската сала во Виница што ја направи претходниот градоначалник од редовите на нашата коалиција,кој со општината раководеше од 2005-2009 година“

Вуинов рече дека сегашната локална власт,на чело со актуелниот градоначалник Емил Дончев, вети дека ќе изгради нова спортска сала,но останаа само празни ветувања.

„Ова овде празно место, кај ОУ„Гоце Делчев“ е локацијата на која актуелниот градоначалник Емил Дончев вети дека ќе изгради нов спортски објект.Поминаа 4 години а спортската сала во училиштето е само едно од неостварените дела на овој градоначалник.Четири години само празни зборови и ветувања а дела нема ни за лек.Ова е уште еден доказ дека паролата Избери дела е лажна манипулација и замајување на граѓаните на Виница.“

„Јас како кандидат за градоначалник од Сојузот за иднината,ветувам дека ви мојот четиригодишен мандат ќе ја изградам спортската сала за потребите на нашите ученици од ОУ „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“