Заев на средба со претставници на невладиниот сектор и естрадата

Од:

Кандидатот за трет градоначалнички мандат на општина Струмица Зоран Заев денеска се сретна со претставниците на невладиниот сектор. На средбата од двете страни беше потврдена одличната соработка во изминатите осум години која резултира со поголем број реализирани проекти од повеќе области.

Горд сум на сите проекти што се реализирани во Струмица заедно со вас, можам да кажам дека досега 10 насто од проектите во општината се реализирани преку невладините организации и се надевам дека заедничката соработка ќе продолжи и понатаму. Како општина и јас како градоначалник во изминатите осум години дадовме силен придонес во развојот на невладиниот сектор, што не беше така претходно. Отворивме европска канцеларија која на сите невладини организации ќе им биде од огромна корист и ќе можат повеќе да ги ползуваат средствата од европските фондови, а и како општина издвоивме 500 илјади евра финансиска поддршка на невладиниот сектор за наредните четири години, рече Заев.

Тој се сретна и со членовите на струмичката естрада, разговараа за досегашната и идната соработка. Пред претставниците на невладиниот сектор и естрадата, Заев ја промовираше изборната програма за третиот градоначалнички мандат.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ