Италијански бискупи побрзале со честитките, па по изборот на нов папа му честитале на погрешно лице – миланскиот кардинал Анџело Скола.
Италијанската бискупска конференција синоќа испратила е-маил порака со честитки за својот фаворит за папа – Скола, но подоцна ja исправиле грешката и испратиле нова порака до вистинскиот победник Аргентинецот Хорхе Бергољо, јавуваат американски медиуми.