Заев: Доколку Пишев не сака ТВ дуел на Вис, давам предлог дуелот да се одржи на Сител

Од:

„Неможејќи да се помират со огромните резултати кои ги покажувам во водење и менаџирање на општина Струмица и огромната доверба и рејтинг што го имам меѓу граѓаните, власта на најсрамен и најнечист начин се труди да го дискредитира моето име и мојата работа.

– Преку конструирање на лажни обвиненија, подметнување изјави и вадење од контекст реченици се труди преку нивните гласноговорници и мегафони да испровоцира и создаде лош имиџ за мене. Жално е тоа што наместо да се радуваат и да ги поддржат проектите кои се од интерес за граѓаните тие трошат енергија, време и народни пари за моја дискредитација и омаловажување.

– Позади мене стојат граѓаните кои ми веруваат и секојдневно ми изразуваат поддршка за мојата работа. Нивните срамни потези ми кажуваат дека тие се плашат од мене и мојата работа и од она што го работам во интерес на граѓаните“.

Во таа насока, јавно го поканувам кандидатот за градоначалник на општина Струмица господинот Васил Пишев, да излезе на ТВ дуел со мене каде ќе ги претстави своите проекти и ќе се претстави самиот себе и во насока на негова поголема поддршка нека повика, по негов личен избор, некој од елоквентните Александар Бичиклиски, Илија Димовски, или друг по негов избор. Доколку не сака ТВ дуел на ТВ Вис, јас се согласувам и давам предлог ТВ дуелот да се одржи на ТВ Сител“, вели во реакција на соопштение од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев, актуелниот градоначалник на Струмица.

Би можело да ве интересира

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани